Tuesday, 05 February 2013 14:44 Здравје

Младите мажи кои гледаат телевизија само три часа на ден, имаат два пати помалку сперма од оние кои ретко седат пред малиот екран, открија американските научници...

За прв пат истражување покажува дека намалувањето на квалитетот на спермата е поврзано со ниското ниво на физичка активност. Мажите кои водат претежно седечки начин на живот, отстапуваат од умерено активните мажи, покажува истражувањето на научниците од Универзитетот Харвард.

Експертите сметаат дека последиците најверојатно се должат на недостатокот на физичка активност или на преголемото загревање на тестисите заради долго седење. Мажите кои сакаат да имаат деца, треба да избегнуваат носење на тесна долна облека, за да го подобрат квалитетот на спермата, а возачите и велосипедисти се исто така изложени на ризик.

Истражувањето на здрави млади луѓе кои гледале телевизија над 20 часа неделно, утврди дека тие имаат со 44% помалку сперматозоиди од мажите кои речиси не гледале телевизија. Претставниците на посилниот пол кои спортуваат 15 и повеќе часа неделно со умерен ритам, имале за 73% повисока содржина на сперма од оние кои тренирале под пет часа неделно. Умерениот тренингот не влијае на квалитетот на спермата.

"Знаеме многу малку за тоа како начинот на живот се одразува на квалитетот на спермата и плодноста на мажите во целина, така што воспоставувањето на два потенцијали фактори подложни на промена кои изгледа имаат големи последици за количеството сперма, е навистина возбудливо", изјави шефот на студијата д-р Одри Гаскинс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...