Sunday, 12 June 2011 09:50 Технологија

Апликацијата за бежична синхронизација на iTunes со iPhone еден британски студент наводно ја дизајнирал уште минатата година...


Грег Хјус, студент од училиштето во Бирминхам, го обвини Apple за кражба на апликацијата која ја претставија во последната верзија на својот iOS - WiFi Sync.

Хјус тврди дека минатата година направил апликација која ја нарекол Wi-Fi Sync и која овозможува бежична синхронизација на песните во iTunes со iPhone и дека истата во мај им ја понудил на App Store. Но, Apple оваа апликација ја одбиле поради „сигурносни проблеми“ и поради тоа што „излегува од границата на официјалниот software development kit.“

Интересно, пред да го одбијат, Хјус го контактирал Стив Ри од App Store кој му рекол дека апликацијата е одлична и дека ги импресирала програмерите од Apple, но дека има и некои сигурносни проблеми. Дури му рекол да го прати својот CV во Apple, така да можат да сметаат на него откако ќе дипломира.



Откако Apple го одбил, Хјус се свртел кон Cyndia и продавницата за апликации за jailbreak iOS уреди на кои почнал да им продава Wi-Fi Sync по цена од десет долари и до сега продал повеќе од 50 илијади примероци. Со тие пари ја финансирал последната година студии, а кога ќе го заврши факултетот целосно ќе се посвети на развој на апликации.

Кога Хјус видел дека Apple во склоп на новата верзија на iOS ја претставил и функцијата Wi-Fi Sync која дури има и многу слично лого како неговата апликација, останал потполно шокиран. Се посоветувал со адвокатите и наскоро веројатно следи тужба против компанијата на Jobs, која инаку е позната по своите тужби против компаниите на кои им порачаа „создавајте сопствени иновации и технологија, не крадете ги од нас.“

Apple веќе се соочи со една тужба минатата недела - компанијата iCloud Communications ги тужеше поради користење на нивните имиња затоа што, како што велат, користењето на името iCloud од страна на Apple им штети на нивниот бизнис па бараат од компанијата на Jobs да престанат да го користат тоа име и, се разбира, бараат финансиска отштета.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...