Saturday, 21 May 2011 12:02 Технологија

Интернет корисниците на Like на фејсбук и Tweet на твитер не само што на тој начин споделуваат содржини со пријателите/следбениците, туку тие алатки исто така имаат можност за собирање на податоци од интернет лакциите кои луѓето ги посетуваат, пишува Yahoo Finance...


Like и Tweet  се појавуваат на врвот од страниците со вести или покрај производот на малкупродажните места ги известуваат фејсбук и твитер дека таа личност ги посетила тие страници дури и кога не кликнала на иконките, покажа студијата која ја порачал Wall Street Journal.

Тие програми се, се разбира, многу профитабилни. Додадени се на милиони интернет страници во последните година дена. Во студијата се наведува дека фејбук иконките се појавуваат на третина од 1.000 најпосетените веб страници на светот. Иконите на твитер и Google Inc. се наоѓаат на 20% до 25% од тие страници.
Наведените програми кои се создадени за полесно да се споделува содржината со пријателите и за веб страниците да привлечат посетители се исто така потенцијално силна алатка со нивниот социјален профил кој често ги содржи нивните имиња. На пример, фејсбук и твитер знаат кога некој од нивните корисници чита одредена статија дури и ако корисникот не кликне Like или Tweet на тие места.

За тоа да се овозможи, човекот мора само да биде логиран на фејсбук или твитер барем еднаш во последните месец дена. Страниците ќе почнуваат да ги собираат прегледаните податоци дури и ако личноста го исклучи својот пребарувач или нивниот компјутер, се додека не се одлогира од својот фејсбук или твитер профил.
Од фејсбук, твитер и гугл велат дека не ги користат програмите за следење на корисниците. Фејсбук вели дека ги користат само за рекламницели и дека кликот на корисникот на копчето служи исклучиво за делење на содржината со пријателите. Фејсбук и гугл тврдат дека тие пребарувањето на податоци го прават анонимно, така што информацијата не се врзува за одреден корисник.

Од фејсбук нагласуваат дека податоците се бришат во рок од 90 дена, додека гугл наведува дека се бришат во рок од две недели. Информациите, додаваат тие, исто така користат за мерење на ефикасноста и за тоа како да привлекуваат посетители. Твитер наведува дека не користи податоци од таков тим и дека многу брзо ги брише. Нивниот портпарол вели дека теоретски фирмата ги користи податоците со цел за подобрување на содржините кои ќе одат на рака на корисниците во иднина.

И фејсбук и гугл и твитер се огласија на овој проблем поради се поголемата загриженост на корисниците на интернет и smartphone околу приватноста на нивните податоци.

Членовите на американскиот Конгрес наведоа најмалку пет точки оваа година, вклучувајќи и три кои имаат за цел да направат механизам кој ќе оневозможи следење на корисниците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...