Sunday, 24 April 2011 17:37 Технологија

Британските професионалци со сигурност открија дека iPhone мобилните телефони ги бележат сите места каде биле нивните сопственици, а тие податоци ги зачувуваат на компјутер во моментот кога iPhone се спојува со апликацијата iTunes...


Меѓу тие податоци се наоѓат географски локации од сите места на кои сопственикот на iPhone се наоѓал и се многу прецизни. Податоците, се разбира, се наоѓаат во скриена датотека, а целата работа претставува голем сигурносен ризик за корисникот.

Во теорија, тие податоци би можеле да се искористат, доколку некого би го интересирало каде сопственикот на iPhone го поминува своето време, а тоа би можат да бидат огласувачи, работодавци, брачни партнери или родители на сопственикот.

„Apple на сите им овозможи, од љубоморни сопруги до приватни истражувачи да добијат прилично јасна слика за движењето на корисникот на iPhone“, истакна Пит Варден, британски истражувач на полето на безбедност. Се разбира, за да се дојде до тие податоци, тие личности треба да имаат пристап до самиот iPhone или до компјутерот на сопственикот, како и до одговарачката апликација за извлекување и обработка на тајни податоци зачувани на компјутерот на корисникот.

За разлика од iPhone, мобилните телефони кои користат Android оперативен систем, такви трагови не се ни бележат, ни зачувуваат на скриени датотеки, било во мобилниот или во компјутерот. „Не наидовме на сличен проблем кај другите произведувачи на мобилни“, истакна колегата Аласдир Алан.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...