Wednesday, 20 April 2011 09:54 Технологија

Се поголем е бројот на децата кои користат социјални мрежи како што е фејсбук, а што уште не се свесни за ризикот кој го превземаат кога откриваат приватни информации за себе, предупреди Европската комисија...

„Се поголем е бројот на деца на социјалните мрежи на интернет, но многу од нив не ги превземаат сите мерки за да се заштитат“, изјави за AFP службеничката задолжена за нови технологии, Нели Кроус.
Според истражувањето кое опфатило 25.000 млади од 25 европски земји чии резултати се објавени во Burxelles, 38% од децата меѓу 9 и 12 години имаат профили на некои од социјалните мрежи на интернет. Кога станува збор за деца на возраст меѓу 13 и 16 години, тој број се зголемува дури на 77%.



Четвртина од нив наведува дека нивниот профил е „јавен“ односно дека информациите од нивниот профил се достапни за било кој, а до нив може понекогаш да се дојде и преку обичен пребарувач. Секој петти меѓу нив ја има наведено адресата на живеење или телефонскиот број.
Опасноста од злоупотреба е поголема колку што се децата помали, предупредуваат од Европската комисија. И додека 78% од младите на возраст од 15 и 16 години тврдат дека знаат како да ги заштитат своите приватни податоци, тоа не е слчај ни кај половина од оние на 11 и 12 години. „Тие деца самите себеси се ставаат во ситуација која може да им наштети, затоа што на таа ворзаст се многу чувствителни“, рече Кроус.

Таа апелираше до сите социјални мрежи веднаш да воведат измени во регистрирањето на профилите на малолетниците за тие да не бидат достапни на оние кои децата не ги означиле како „пријатели“. Дел од социјалните мрежи меѓу кои се и фејсбук и MySpace, во 2009 година потпишаа документ со кој се обврзуваат дека ќе превземат мерки за заштита на малолетниците. Европската комосија, меѓутоа, наведува дека „некои социјални мрежи популарни меѓу младите во Европа не го потпишале тој документ“, а од Комисијата најавуваат и ревизија на тој документ.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...