Wednesday, 23 March 2011 11:02 Технологија

Новиот хибриден модел Porsche 918 Spyder веќе може да се нарача по цена од 845.000 долари, без испорака и даноци...


Испораките почнуваат во ноември 2013 година, а од Порше планираат да создадат само 918 примероци од овие суперавтомобили, информира Ројтерс.

Новиот модел 918 Spyder има максимална моќност од 718 коњски сили. Дизајнот е земен од моделот Carrera GT, како и од тркачки автомобили Porsche 917 и RS Spyder.

Волуменот на осумцилиндровиот V мотор надминува 4 литри, а силата му е 500 коњски сили. Моќниот мотор се дополнува со два електромотори, по еден на предната и на задната оска, чија вкупна моќност е најмалку 218 коњски сили.



Електромоторите се придвижуваат со литиум-јонска батерија со водно ладење, која може да се полни во домашни услови. Со едно полнење возилото може да помине околу 16 милји само со електромоторите. Целосната наполнетост на батеријата трае помеѓу 3 и 6 часа, но од страна на производителот е утврдена опција за брзо, која дополнително го намалува времето за тоа.



Моделот 918 Spyder забрзува од нула до 100 км/ч за само 3.2 секунди и може да достигне максимална брзина од 320 км/ч. Додека максималната брзина на моделот 918 Spyder, кога е задвижуван само од електромотор е 150 км/ч.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...