Wednesday, 16 February 2011 11:21 Технологија

Роботите не се ништо необично за Јапонија. Таму високата технологија одамна влегла во болницата и старските домови, а најновиот изум е Ве-це школка која анализира урина, ги печати резултатите и ги праќа на лекарот...


Станува збор за ве-це школка која го анализира составот на урината. Таа работи на струја, а покрај школката се наоѓа екран кој реагира на допир. Целиот уред го измислил познатиот јапонски произведувач на санитарна инсталација "Toto".

"Вака можете да ја измерите количината и содржината на урината. Преку екран го внесувате името на лицето. Урината се зобира во ве-це школката. Се што треба да направите е да претиснете едно копче и вц-це школката почнува со мерењето", објаснува Тимоко Такијама, претставник на групата "Toto".

"Количината на водата се зголемува кога урината пристигне во специјален сад. Така сензорот веднаш ја регистрира количината на мокрачата во милилитри. За ве-це школката се наоѓа апарат за анализа. Лекарите и персоналот, но и старите и болни лица, лесно можат да се служат со овој апарат."

За помалку од 20 секунди, на екранот од компјутерот се појавуваат резултатите од анализата. Може и да се испечатат, бидејќи во ве-це школката е вграден и ласерски печатач - резултатите се поделени во рубрики и сликовите прикажани со графика. Овде се сите важни вредности: од температура на урината, преку ph вредност, па се до количината на шеќер. Оној кој сака, со притискање на одредено копче, резултатите може веднаш да ги прати преку интернет до својот лекар.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...