ТОП ВИДЕО |
Thursday, 15 July 2010 09:59
Технологија
Мајкрософт до крајот на годината ќе претстави серија на таблети базирани на Виндоус, како одговор на iPad од Apple... Откако компанијата Hewlett-Packard во април оваа година го претставила Slate, сега и Мајкрософт се вклучува во трката, па извршниот директор Стив Балмер на годишната партнерска конференција најави серија на "прилично импресивни" уреди. "Најважната работа во категоријата на паметни уреди со која ќе се занимаваме оваа година е туркањето на нашиот Виндоус 7 (Windows 7) таблет и Windows 7 телефон", рекол Балмер . "За време на неколку месеци ќе видите таблет базиран на Windows 7 платформа за која мислам дека ќе биде прилично импресивен". На уредот кој ќе работи на Windows оперативен систем ќе учествува и Asus, Dell, Samsung, Toshiba и Sony, пренесува порталот SmartCompany.
Балмер на партнерската конференција во Вашингтон признал дека Мајкрософт не успеал да одржи чекор со компанијата Apple и Google кога станува збор за пазарот на мобилни телефони, но најавил дека тоа ќе биде исравено со лансирањето на првиот Windows 7 телефон кон крајот на оваа година. "Ќе им понудиме на луѓето серија на уреди базирани на Windows 7 платформата, и тоа такви што корисниците ќе бидат горди што ги имаат", рекол Балмер. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















