Wednesday, 14 July 2010 14:11 Технологија

Британското министерство за одбрана го претставило прототипот на футуристичкото беспилотно летало, кое името го добило по келтскиот бог на громот, Таранис...

Иако се чини дека повеќе потсетува на летало од научно-фантастичните филмови, или серии, овој прототип навистина го претставува врвот на воената воздухопловна технологија. "Тоа е најдобриот дизајн и технолошка задача на нашата нација", изјавил британскиот министер за одбрана Жерард Ховарт.

Во проектот има инвестирано неверојатни 3 милиони работни часови, пред вчера да биде официјално претставен, а своите први тест летови, ќе ги започне на почетокот на идната година. Леталото е првенствено замислено како демонстрација на новите технологии и платформа за идните проекти на британското воено воздухопловство. 

Водечкиот принцип за проектот бил да се извади пилотот од авионот, како најслаба алка, а леталото да може да изведува комплицирани маневри, под голем гравитациски притисок, кое леталото може, но пилотот неможе да ги издржи. 

Леталото е изработено до компанијата BAE Systems и речиси е невидлив за радарите на Земјата. Дизајниран е за летање со висока брзина и голем радиус на движење, а во нејзиното тестирање ќе бидат инвестирани 170 милиони евра.

Леталото е наменето за надзор и извидување на непријателските полиња со помош на сензори, а планирано е и носење на одредени количини на оружје, вклучувајќи бомби и ракети.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...