ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 21 April 2010 09:22
Технологија
Светот веќе научи сè за новата верзија на iPhone, објави The New York Times... Ситуацијата сепак е пикантна, бидејќи информациите не дошле од Apple, туку од заборавениот мобилен телефон во бар на еден од инжинерите. Секој кој го изгубил мобилниот телефон знае дека ситуацијата може да биде непријатна. Особено ако го изгубите својот телефон во калифорниски бар. И особено ако тоа е најновата верзија на iPhone, која компанијата Apple, го слави како "најголема тајна" во целата силициумска долина, и која требаше да го претстави следниот месец.
Истекот на каква и да било информација од Apple е исклучителна реткост. А истекувањето на информации за Apple од бар во Редуд изгледало сосема невозможно. На тој начин на различни блогови биле објавени фотографии на новиот iPhone, потенок и заостран, а тоа предизвикало пофалби од фановите. Ник Дентон, сопственикот на страницата Gizmodo, успеал да го купи телефонот за 5000 долари од човекот кој го пронашол.
Оттогаш секој ден на страницата му влегуваат по 1 милион луѓе на сајтот за да видат како изгледа новиот iPhone 4G. Се тврди дека Стив Џобс веќе се обратил кон сајтот да му го вратат новиот iPhone, а Apple се заканил дека ќе гледаат да го отстранат уредот како кражба. Но од сајтот сепак одбиваат да го сторат тоа, додека не добијат официјално барање. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























