Monday, 12 January 2015 12:42 Технологија

Операцијата на Анонимуси е најавена веднаш после страшните терористички напади, кои ја потресоа Франција и цел свет...



„Очекувајте масовна реакција од нас, бидејќи слободата е точно тоа за што секогаш се бориме“, објавиле Анонимуси по повод лансирање на „операцијата Чарли Хебдо“, чија цел е борбата против терористи и исламски екстремисти. На новиот профил на Twitter, Анонимуси се пофалиле и со првата жртва, односно првата пробиена страница.

Вчера ја нападнале и срушиле француската џихадистичка страница Ansar-alhaqq.net, преку која се шири пропаганда и наводно се регрутираат нови терористи. На Mashable велат дека страницата е срушена со класичен DDoS метод (се испраќаат голем број на барања, кои страницата не може да ги издржи). Но, страницата повторно била достапна од синоќа. Иако овие напади не се многу софистицирани и страниците многу лесно може да се подигнат повторно, DDoS нападите може да бидат многу ефикасни. MasterCard и PayPal порано имале големи проблеми поради вакви напади и нивните страници биле недостапни долго време.

Како што веќе ни е познато, Анонимуси во текот на минатите години започнувале слични напади во име на одбраната на слободата на говорот, заштита на приватноста на интернет и човековите права. Особено се ангажираа при обидот за изгласување на законот ACTA, CISPA и слично, а одредени хакери поврзани со Анонимуси минатата година најавија борба и со IS милитантите на интернет.

Погледнете го видеото кое го објавија Анонимуси на YouTube.

Anonymosi ги повикале сите интернет корисници да им помогнат за Twitter операцијата Charlie Hebdo (@OpCharlieHebdo), односно да побараат пријави од џихадистички профили на Twitter, со цел да се пресметаат со нив. Освен нападите на профилите на социјалните мрежи, хакерите ќе продолжат со нападите врз интернет страниците, кои се поврзани со Ал-Каеда и IS, преку кои се шират терористички пропаганди и се регрутираат нови членови од терористичките ќелии.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...