Tuesday, 23 December 2014 10:38 Технологија

Во првите месеци после излегувањето на Facebook на берза, кога цената на акциите падна под 20 долари, аналитичарите ја осудуваа мрежата на Цукерберг на пропаст...



Одредени акционери одлучија да подигнат тужба против основачот на компанијата исто така. Овие тешки времиња го зацврстиле Марк Цукерберг и му помогнале да исплива на површина. Затоа сега на крајот од 2014 година има „милијарда причини за задоволство“, бидејќи „тежи“ околу 36 милијарда долари. Една од причините за тоа е цената на акциите, односно вредноста на неговата компанија, која вчера го достигна највисокиот износ од моментот на излегување на берзата.

Според информациите на Yahoo Finance, цената на акциите на Facebook вчера достигнала до 81.88 долари, додека вкупната вредност на компанијата надминала 227 милијарда долари. Ова била фантастична година за Facebook, велат од Business Insider и додаваат дека во последните 12 месеци потрошија над 20 милијарда долари на аквизиции и претставија нови свои апликации, Messenger е една од нив.

Цукерберг има голема причина да биде задоволен и од Instagram - социјалната мрежа за фотографии, која ја купи за милијарда долари, а оваа година достигна вредност од 35 милијарда долари. Бројот на корисници на Instagram исто така се зголеми на 300 милиони, така што сега оваа мрежа има повеќе кориснции и од Twitter.

Facebook може да се пофали и со одличен бизнис на мобилниот пазар. Компанијата заработува сега три пати повеќе од Google на американскиот пазар со графичко и видео рекламирање на мобилни уреди. Имајќи го предвид вкупниот број на корисници на мрежите на Facebook (Facebook, Instagram и WhatsApp), јасно е дека оваа компанија ќе доминира кај социјалните мрежи и наредните години може да се очекува дека во 2015 година цената на акциите и заработката на оваа компанија ќе расте и понатаму.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...