Thursday, 21 January 2010 14:54 Технологија

По повод 25-годишнината, Cisco одлучи да ги сподели своите Топ 25 технолошки проекции за следните 50 години...

1. До 2029 година ќе имаме на располагање 11 петабајта меморија за само 100 американски долари, еквивалентни на повеќе од 600 години постојано користење, 24 часа на ден, видео со DVD квалитет.

2. Во следните 10 години брзината на домашните мрежи ќе биде 20 пати поголема.

3. До 2013 година бежичниот мрежен трафик ќе достигне 400 петабајти за месец. Во моментов трансферот на целата глобална мрежа изнесува 9 екзабајти.

4. До крајот на 2010 година ќе има една милијарда транзистори по глава на населението во светот, а цената на секој ќе биде еден милионити дел од центот.

5. Интернетот ќе продолжи да се развива, за да врши едноставна комуникација, независно од растојанието.  

6. Првиот квантум компјутер ќе биде достапен за корисниците од средината на 2020 година.

7.  До 2020 година персоналните компјутери во вредност од 1000 американски долари ќе имаат процесорска моќност како оваа на човечкиот мозок.

8. До 2030 година, за цена од 1000 американски долари ќе можеме да си дозволиме компјутер со капацитет согласност на умствените можности на жителите на цело село.

9. До 2050 година компјутерската моќ за 1000 долари, ќе биде еднаква на компјутерската моќност на сите човечки мозоци на земјата.

10. Денес ние знаеме само 5% од тоа што ќе знаеме по 50 години. Со други зборови, 95% од тоа, што допрва ќе дознаеме, ќе биде откриено во следните 50 години.

11. Светските податоци ќе се зголемуваат шесткратно во две години, а корпоративните податоци ќе нараснат петкратно.

12. До 2015 година Google ќе ја индексира содржината на околу 775 милијарди страници.

13. До 2015 година, во рамките на една година, ќе создаваме по 92.5 милиони еквиваленти на  Библиотеката на Конгресот на САД.

14. До 2020 година просечниот човек ќе поддржува 130 терабајти лични податоци (денес се околу 128 гигабајти).


15. До 2015 година симнувањето на филмови и peer-to-peer споделувањето на фајлови  ќе се зголеми до 100 екзабајти, што е еквивалентно на капацитетите на 5 милиони библиотеки на Конгресот на САД.

16.  До 2015 година широката употреба на видео разговори ќе генерира 400 екзабајти податоци, што е еднакво на капацитетот на 20 милиони библиотеки на Конгресот на САД.

17. До 2015 година, употребата на телефон, интернет, електронска пошта, слики и музика ќе се зголеми и ќе генерира 50 екзабајти податоци.

18. Во период од две години информациите на интернет ќе се дуплираат на секои 11 часа.

19. До 2010 година, на Интернет ќе бидат поврзани 35 милијарди уреди (речиси шест уреди на човек).

20. До 2020 година ќе има повеќе уреди отколку корисници онлајн.

21. Со IPv6, ќе има доволно адреси, така што на секоја ѕвезда во познатата Вселена, да се паѓаат по 4.8 трилиони адреси.

22. До 2020 година секое уред ќе има универзален јазик за управување.

23. Во следните пет години секоја површина ќе се претвори во екран.

24. До 2025 година ќе се врши телепортација на ниво на елементарни честички.

25. До 2030 година ќе започнат да се користат вештачки импланти за мозокот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...