Thursday, 20 February 2014 09:36 Технологија

Неверојатни 16 милијарди долари ќе плати Facebook за WhatsApp, иако нема да ја исплати целата сума во готово...



Готовина од 4 милијарди долари, плус остатокот од 12 милијарди $ ќе се финализира со акциите на Facebook. Но, тоа не е се, основачите на WhatsApp ќе добијат и бонус од дополнителни 3 милијарди долари во период од 4 години. Ова купување го објави основачот и извршен директор на Faceboo, Марк Цукерберг, кој вели: "WhatsApp е фантастична платформа, секој вложен долар вреди, всушност, штом ја користат милиони луѓе, тогаш сè е јасно".

WhatsApp има над 450 милиони активни корисници, а според последните анализи дури 70 % од корисниците ја користат оваа апликација најмалку еднаш дневно. Факт е дека бројот на пораки кои се испраќаат преку WhatsApp е речиси еднаков на бројот на СМС пораки на сите мобилни оператори во светот, што е доволен и силен аргумент за купување, без оглед на високата цифра од 16 милијарди $. Инаку, WhatsApp ќе остане посебна апликација, која нема да се имплементира на Facebook Messenger.

Интересна е оваа приказна, бидејќи еден од основачите на WhatsApp, Брајан Актон, во 2009 се борел да се вработи во Facebook, при што добил - корпа. Четири години подоцна Актон заедно со пријателите ќе заработи огромна сума на пари, па сега веројатно се чувствува неверојатно во однос на тоа прашање и моралната сатисфакција. Инаку, Актон порано се обидел да влезе и во тимот на Twitter , меѓутоа и таму бил исто така одбиен, едно време работел за Yahoo, а сега ќе ги наполни џебовите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...