Wednesday, 12 February 2014 08:06 Технологија

Инвестицискиот фонд, кој е фокусиран само на старт-ап компании во Југоисточна Европа ги поканува сите заинтересирани да аплицираат за инвестиции до 200.000 евра...



The LAUNCHub неодамна го прошири својот инвестициски бизнис на територијата на Словенија и Украина, кои заедно со Хрватска, Бугарија, Романија, Македонија и Грција, се земјите на инвестициската мапа на овој фонд. Досега, LAUNCHub има инвестирано вкупно 3 милиони евра во 35 компании од седум земји од регионот на ЈИЕ - Југоисточна Европа(SEE - South-East Europe), фокусирајќи се на ИТ секторот. Силата и експертизата на фондот лежи во исклучително високо професионален тим, кој е специјализиран за "дигитален-технолошки сектор", како што е наведено и во повикот за аплицирање. Сите старт-ап компании, кои го засновуваат својот бизнис на интернет - е-трговија, мобилни платформи, дигитални медиуми, работење "во облаци", софтверски бизнис, образовен и (или) здравствени технологии, се поканети да аплицираат за новата рунда на инвестиции.

Овој циклус на инвестициски капитал, од фондот велат дека е наменет првенствено за компании кои сакаат поголем износ на почетно финансирање, а горната граница е 200.000 евра. Пријавувањето всушност е веќе започнато од 1 февруари, а крајниот рок за пријавување е 23 февруари 2014. Старт-ап  компаниите кои ќе бидат избрани, условно кажано, во вториот круг ќе бидат поканети на четири-дневен продолжен викенд во крајот на март во Софија, каде ќе имаат можност да ги презентираат своите планови и визии, ќе се одржат тренинзи со ментори и на крајот ќе бидат избрани оние кои во замена за удел во компанијата ќе добијат поддршка за инвестирање. Сите оние што ќе се препознаат во ова, апликацијата за финансиска помош од LAUNCHub, можат да ја најдат тука.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...