Monday, 27 January 2014 09:31 Технологија

Очигледно инвестиционата офанзива на Google не застанува, тој во последната година купил најмногу компании, а со истата политика продолжува и годинава...



Овој пат Google објавил купување на лондонската старт-ап компанија  DeepMind, која се занимава со развој на вештачката интелигенција. Според информациите пренесени од Techcrunch, цената што ќе ја плати Google е над 500 милиони американски долари, иако некои извори тврдат дека станува збор за сума од 400 милиони $. Важно е да се спомне дека сите детали околу ова купување наводно ги обработил извршниот директор на Google, Лери Пејџ, што зборува за намерата на компанијата и уште повеќе да навлезе во развој и имплементацијата на вештачката интелигенција во своето работење.

Аналитичарите сметаат дека ова е првиот чекор на Google во борбата со конкурентите, кои се веќе на пат кон полето на вештачката интелигенција. Поради ова Facebook неодамна го ангажира професорот Јан Лекун за да ја води лабораторијата за вештачка интелигенција, IBM со својот Вотсон суперкомпјутер веќе маршира со големи чекори, Yahoo ја купи старт-ап компанијата LookFloow, која исто така е фокусирана на развој и учење преку вештачка интелигенција. Очигледно дека Google не сака да остане настрана кога станува збор за овој најважен IT сегмент за во иднина.

DeepMind работи веќе три години, во моментов има 75 вработени, се занимава со развој на нови алгоритми и симулации за учење, а каква ќе биде точно неговата улога во семејството на Google, во моментов не е позната, иако се шпекулира дека Google ќе се обиде вештачката интелигенција да ја вметне во сопствените роботи што ги развива. Интересен е секако и фактот што Google најавува формирање на комитет за етика, кој ќе води контрола за да не се злоупотребува технологијата на вештачката интелигенција.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...