Saturday, 02 February 2013 16:59 Технологија

Јужнокорејскиот Samsung во последното тромесечие од 2012 година го дуплирал учеството на таблетот на пазарот за компјутери, намалувајќи го заостатокот зад Apple.

Ова го покажале последните истражувања на признаената IDC компанија, според која Samsung, кој ги прозиведува таблетите Galaxy, во последното тромесечие од 2012 продал 7,9 милиони таблет уреди, што е 2,2 милиони повеќе отколку во истиот период претходната година. Благодарение на таквата продажба, Samsung го зголемил пазарниот удел на 15,1%.

Уделот на водечката компанија на тој пазар - Apple - која произведува iPad, се намалил од 51,7% на 43,6%, и покрај зголемената продажба.

Двајцата ривали постојано се натпреваруваат за што поголем удел на пазарот на таблети, кои двете компании го сметаат за клуч на вкупниот раст. Светските испораки скокнале за 75% во последниот квартал од 2012 година, на рекордни 52,5 милиони таблет компјутери.

Бројките се во остар контраст со традиционалниот пазар на персонални компјутери, кои во разгледуваниот период забележале пад на испорака прв пат во последните пет години. Се очекува пазарот на таблети да го продолжи растот и во наредните години, додека пазарот на сите видови класични и преносливи компјутери ќе паѓа и понатаму и тоа многу побрзо, отколку што тоа го наведуваа поранешните предвидувања.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...