Tuesday, 25 September 2012 17:28 Технологија

Редизајниран, подобрен, освежен, посодржински, помодерен, поунапреден, анимиран - но дали е тоа доволно?

Џастин Тимберлејк и неколку други сопственици на некогаш најпопуларната социјална мрежа, MySpace, штотуку го објавија првото видео кое прикажува нова, целосно редизајнирана веб страница.

Интеграцијата со Фејсбук е продлабочена, па од таа социјална мрежа можете да ги доадете своите пријатели во MySpace, да си ги лајкувате статусите меѓусебно и да разменувате содржини. Додадена е и интеграцијата со Твитер сервисот, подобрено е пребарувањето, но и начинот на користење на сајтот е целосно променет.

Меѓусебната интеракција на корисниците на MySpace мрежата е збогатена со нови можности, како пребарување на топ фанови, лоцирање на фанови по слични интереси како вашите и други. Новиот MySpace e позабавен за користење, има многу повеќе модерни анимации и профилите изгледаат поуредно и поуникатно.

Премиерата на новиот MySpace се очекува многу наскоро, а сопствениците ќе се потрудат меѓу првите „реактивирани“ профили да се појават многу познати фаци, како Пинк, Мараја Кери, Ники Минаж, Роби Вилијамс и други, кои некогаш редовно „висеа“ на таа мрежа.

Што велите вие, дали планирате да си го повратите вашиот MySpace или ќе направите нов профил?

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...