ВИЦ
Дама ТОП ВИДЕО |
Thursday, 15 March 2012 13:33
Технологија
Еден незадоволен американски потрошувач започнал судски процес против компанијата Apple поради неговиот систем за вокална асистенција Siri. Потрошувачот го обвинува Apple дека му продал недовршен производ.
Њујоркчанецот Френк М. Фазио започнал пред калифорнискиот суд колективна тужба против компанијата Apple и во тужбата наведува дека на Siri го привлекле рекламите за iPhone 4S. Во рекламата тој личен асистент е опишан како систем кој овозможува брзо и лесно договарање на состаноци, пронаоѓање ресторант, учење на гитарски акорди на класични рок песни, па дури и начини за врзување на кравата. Тие привлечни карактеристики го навеле потрошувачот да го купи најновиот iPhone и покрај неговата висока цена. Меѓутоа, набргу се покажало во секојдневната употреба дека Siri е бавен (се работи за систем во Cloud технологија, а 3G врските во Њујорк не се баш добри), дека често не може да му одговори на корисникот или дека понекогаш дава погрешни упатства. „Siri е систем во развој“, наведено е во тужбата. Фазио сега бара отштета (која не е одредена) за лажна реклама, неспроведување на гаранцијата и нелојална конкуренција. Сега и другите корисници разочарани од Siri можат да се придружат на тужбата за да се обидат да добијат отштета, како што тоа го направија клиентите на првиот iPhone 4 кои сите ќе добијат по 15 долари поради проблем со антената на уредот.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















