Saturday, 04 February 2012 10:52 Технологија

Марк Цукерберг е "лицето" на Фејсбук, но за успехот на компанијата многу заслуга има и Шерил Сандберг, главниот "оперативец" и најплатената на листата на вработени...


Нејзината минатогодишна заработка изнесувала 30,87 милиони долари.

Сандберг е втора во синџирот на команда во Фејсбук, таа често е единствената "возрасна" личност на состаноците, но и единствената жена.

"Од 190 шефови на држави има само девет жени, од сите пратеници на светот само 13% од нив се жени, во корпоративниот сектор на управувачките функции жените во најдобар случај 'држат' помеѓу 15 и 16% од местата. Броевите се такви од 2002 година иако статистиката е катастрофална", изјавила Сандберг на ТЕD конференцијата во Вашингтон.

Животната приказна на Шерил Сандберг оди во нагорна линија од студирањето на Харвард, каде ја забележал Лоренс Самерс, поранешен американски секретар за финансии.

Самерс набрзо и станал ментор, а кога преминал во Светската банка, и ја дал и првата работ, со која започнала нејзината ѕвездена кариера. Таа покасно преминала во компанијата Google, од каде Цукерберг ја повлекол во Фејсбук во 2008 година.

Како што и порано изјавила за "Њујоркер", со Цукерберг се состанувала два пати неделно за време од еден и пол месец, а нејзиниот сопргу таа фаза ја опишал како "додворување".

Коцките се склопиле, и Сандберг се преселила во Фејсбук. А излегувањето на компанијата на берзата може само да придонесе за нејзиниот успех.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...