Friday, 16 December 2011 09:31 Технологија

LG Electronics и модната куќа Prada го претставија паметниот телефон LG Prada 3.0 кој ускладува врвен стил и напредни перформанси во еден уред.


Ова е трет модел кој настанува од соработка на двете компаии и претставува врвен дизајнерски потфат, а работи на последната верзија на Android Gingerbread оперативен систем, со можност за надоградување на Android Ice Cream Sandwitch.

Го комбинира стилот на Prada со иновативната технологија на компанијата LG, вклучувајќи камера од осум мегапиксели, осум гигабајти меморија, екран од 4,3 инчи и 800 теми на кои е можно да се гледаат фотографии или видео содржини, дури и доколку сончевите зраци се директно усмерени кон него.

Со препознатливиот дизајн на оваа модна куќа, уредот поседува екран чувствителен на допир со предната страна и „сафијано“ шарата на Prada на задната страна.

Секој детаљ на телефонот е дизајниран да допринесе на минималистичкиот стил, поседува и LG Floating Mass технологија која оптички ја намалува дебелината на телефонот, со тастери кои совршено се вклопуваат во едноставниот и шик дизајн.

LG Prada 3.0 поседува процесор со брзина од 1.0 GHz со dual-core и dual-channel архитехтура и двоен опсег на Wi-Fi стандард кој овозможува сурфање со голема брзина.

Телефонот поседува и специјално развиен кориснички интерфејс кој нуди можност за избор на главно мени и икнонки во црна, сива и бела боја.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...