Saturday, 08 October 2011 08:16 Технологија

Maшината со налик на фризерски стол, опремена е со најсовремената роботска технологија и би можела да го намали перосналот во болниците и домовите за стари лица...


Јапонската компанија "Панасоник" (Panasonic) го претстави својот најнов технолошки изум: робот кој мие коса и кој е наменет првенствено за стари и хендикепирани луѓе.

"Со помош на роботската технологија и 24-те контролни прсти, роботот може да ја измие косата на начин како што тоа го прават луѓето", рекол развојниот инжинер на Панасоник, Тохуро Накамура.

"Муштеријата" лежи на столицата над мијалникот, а машината нанесува шампон, масира и ја мие косата за околу 3 минути. Со ставање на регенератор на косата и нејзино сушење со фен, целиот процес трае уште 5 минути. Накамура објаснува дека јапонското општество што старее брзо, го поддржува развојот на роботската технологија за обезбедување нега.

"Ќе развиваме и понатаму технологии наменети за стари и хендикепирани лица во Јапонија и ќе ја извеземе во иднина и во други земји кои, исто така се соочуваат со забрзано стареење на населението, како што се Јужна Кореја и Кина", вели Накамура.

Роботот за перење на коса, сеуште не е достапен на пазарот, а Панасоник планира со продажба да тргне од идната година, почнувајќи пред се во болниците и домовите за стари лица.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...