Tuesday, 04 October 2011 11:58 Технологија

Последните гласини велат дека Apple нема да го претстави iPhone 5, туку надоградениот iPhone 4S...


Не се сеќаваме некогаш толку да се пишувало за некој уред како што минатите неколку месеци се пишува за новиот модел на Apple телефонот, но за среќа, денеска завршуваат сите гласини и нагаѓања околу новиот уред, затоа што Тим Кук подоцна попладне ќе го претстави новиот iPhone.

И покрај големата количина на „проверени“ и непроверени информации, и понатаму никој со сигурност не може да каже дали Apple ќе престави два телефони (iPhone 4S и iPhone 5) или само еден модел. Тоа што е сигурно, без оглед на тоа како ќе се вика моделот, е дека новиот iPhone ќе има подобар процесор (двојадрен A5) подобра камера со сензор за поголема резолуција (се очекува 8MP сензор).

Последните информации кои се појавија на интернет велат дека тој нов модел сепак ќе се вика iPhone 4S и дека, освен тоа што ќе има посилен хардвер, по изгледот и дијагоналата на екранот ќе биде прилично сличен на актуелниот Apple телефон.

До сега можевме да читаме дека iPhone 5, освен наведените хардверски подобрувања, ќе има и поголем екран и променет изглед на куќиштето, додека моделот 4S ќе биде поевтин телефон кој ќе биде наменет за масовниот пазар.

Вака, постои можност iPhone 4S да ја задржи цената како актуелниот модел на iPhone, додека iPhone 4 би станал поевтин, посебно неговиот модел со капацитет од 8GB кој Apple исто така ќе го престави вечерва.



Такво нешто можеме да заклучиме на база на интернет страницата на Vodafone во Германија на кој едно време беа поставени модели на iPhone 4S - и тоа модели со капацитет од 16, 32 и 64GB, додека понудата на iPhone 4 вклучуваше и модел со 8GB простор за снимање.

Според она што го објавија на Mashable, Apple денеска повторно би можел „да промени сè“, но не со новиот телефон, туку со новиот софтвер - асистентот кој е развиен по преземањето на компанијата Siri.

На таа страница велат дека новиот iPhone ќе има виртуелен асистен на кого ќе можеме да му кажеме што сакаме да направиме, а тој ќе го изврши тоа место нас - се разбира, со асистентот ќе се зборува на англиски јазик.

Така, ако сакаме да резервираме вечера во некој ресторан, веќе нема да мораме да сурфаме по интернет за да го најдеме ресторанот и да резервираме маса, туку само на нашиот iPhone ќе му кажеме дека сакаме резервација во некој ресторан во одредено време, а тој ќе ви најде ресторан и ќе ви резервира маса.

Освен преставувањето на новиот (или новите) iPhone, денеска е голем ден за Apple затоа што новитетите ќе ги претстави новиот CEO на оваа компанија - Тим Кук, а обожавателите не би имале ништо против на крајот на конференцијата сепак да се појави Стив Џобс и по заслужениот аплауз да најави „one more thing“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...