Wednesday, 27 May 2009 00:56 Фудбал
Горан Пандев: Не знам каде ќе играм следната сезона...

 

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев вели дека не знае каде ќе настапува следната сезона.

Екипата на Лацио денес се врати на тренинзите и подготовките за последниот натпревар од сезоната против Јувентус.
Напаѓачот Горан Пандев во последно време е жешка тема на медиумите од Италија откако најави дека не планира да го продолжи договорот со Лацио и е во потрага на нов предизвик.
Македонецот има договор со Лацио до 2010 и преговорите за продолжување на истиот траат подолго време.
Претседателот на Лацио е подготвен да направи големо жртвување и да ги задоволи економските барања на напаѓачот од околу 1,5 милиони евра по сезона но Пандев е во потрага на нов предизвик и тоа е главната причина зошто сака да замине од Рим.
Лотито сепак не сака да се откаже лесно од напаѓачот и најави дека ќе се обиде да го предомисли и да го натера Пандев да остане уште некоја сезона во Лацио.
Заинтересираните клубови, пред се Јуве кој во последно време силно се поврзува со Пандев мирно ја набљудуваат разврската и се подготвени веднаш да реагираат откако напаѓачот ќе има јасна слика за својата иднина.
На денешниот тренинг Пандев беше запрашан за својата иднина но тој не можеше да потврди каде ќе настапува следната сезона.
“Мојата иднина? Не знам каде ќе играм следната сезона.” – рече кратко Пандев.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...