Monday, 25 May 2009 02:00 Фудбал
Работнички го освои Купот на Македонија!

 

Работнички го освои Купот на Македонија! По подоброто изведување на пеналите Романтичарите ја совладаа екипата на Македонија Ѓорче Петров и ја одбранија титулата.

Работнички славеше на Градски, Романтичарите го одбранија Купот на Македонија!
Сашко Пандев беше херојот на домаќините, кои по драматичното изведување на пеналите дојдоа до трофејот.
Карактеристика за ова финале беше и невремето кое им ја отежнуваше работата на фудбалерите.
Првото полувреме помина без многу шанси, најсериозната ја имаше Работнички преку Божиновски на почетокот од натпреварот.
Во вториот дел Македонија Ѓорче Петров започна поконкретно што резултираше и со водство.
Во 65та минута по одлична асистенција на Илиевски, Клечкаровски постигнува прекрасен гол со глава за голема радост на Лавовите.
Македонија Ѓорче Петров се повлече, играта им ја препушти на Работнички кои главно се обидуваа од далечина.
Пред самиот крај на натпреварот, Сашко Пандев постигнува гол и го израмнува резултатот на 1-1.
Натпреварот заврши со тој резултат по што се отиде на две продолженија од по 15 минути.
Продолженијата поминаа без позначајни возбудувања, екипите не превземаа ризик.
Пеналите требаше да го решат победникот на Купот на Македонија.
Брњарчевски први реализираше за Македонија, прецизен за Работнички во првата серија беше Вандаир.
Де Брито во втората серија биеше над голот на Георгиевски, Карлос му носи предност на Работнички.
Клечкаровски и Илиевски погодија во третата и четврата серија за Македонија Ѓ.П., за Работнички реализираа Трајќев и Димовски.
Милевски погоди во петата серија за тимот од Ѓорче Петров, Перендија можеше да го реши натпреварот, сепак дефанзивецот биеше силно во пречката и внесе нова неизвесност.
Лена кај ѓорчепетровци реализираше во шестата серија, прецизен за Романтичарите беше Савиќ.
Јовановски беиеше многу лошо во седмата серија за Лавовите, Сашко Пандев постигнува гол и носи титула за Работнички.
Романтичарите со овојување на Купот на Македонија ја спасуваат сезоната.
Македонија Ѓорче Петров не успеа да дојде до двојна круна.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...