Friday, 22 May 2009 01:02 Фудбал
Роналдо: Не ме интересира што се случува во Реал ...

 

Кристијано Роналдо инсистира дека не се грижи што се случува во Реал Мадрид и мисли само на Манчестер Јунајтед
Реал цврсто се поврзуваше со ангажман на Португалецот минатото лето но Јунајтед цврсто застана на ставот дека Роналдо не е на продажба.
Шампионот од Премиер Лигата останува убеден дека Роналдо нема да замине од Олд Трафорд но иднината на крилото повторно стана топ тема во трансфер шпекулациите.
Флорентино Перез се очекува да седне на претседателското место во Реал Мадрид и се говори дека Роналдо е еден од неговите топ приоритети.
Сепак Роналдо одбива да говори за трансфер пазарот и вели дека е фокусиран само на Јунајтед.
“Во моментов мислам само на финалето (Лигата на Шампионите) независно што ќе се случи со мене или моите соиграчи следната сезона.” – рече тој за Atena 3.
“Сигурен сум дека Перез ќе креира извонреден тим во Мадрид но во моментов јас сум во Јунајтед и не се грижам што се случува таму.”
“Се грижам само за тоа што ќе се случи во Манчестер Јнајтед следната сезона.”
Јунајтед се среќава со ривалите на Реал, Барселона следната среда во финалето од Лигата на Шампионите и Роналдо е загрижен од опасноста која ја носат Каталонците.
“Ќе биде тешко да го сториме тоа повторно, бидејќи Барселона има добар тим, одлични играчи и одличен тренер.”
“Двата тима се многу добри, игаат многу убав фудбал и имаат тимови од соништата.”
Роналдо не верува дека неговиот персонален дуел со Лионел Меси треба толку многу да се истакнува.
Португалецот објасни: “Тоа е битка на два тима. Без мојот тим нема да победам а истото важи и за Меси.”
“Јасно е дека ние сме двата најдобри тима низ Европа. Не само поради тоа што сме во финалето туку и порди фудбалот кој го играме во текот на целата сезона и трофеите кои ги освоивме.”

“Тоа е натпревар за кои секој фан сонува.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...