Saturday, 16 May 2009 00:55 Фудбал
14-годишно момче обвинето за расистичко навивање...

 

Уште двајца навивачи добија забрана од присуство на натпревари во следните три години откако беа прогласени за виновни поради недостојни и навредливи зборови упатени кон дефанзивецот на Портсмут, Сол Кемпбел на натпреварот против Тотенхем минатата година.
42-годишниот Иан Троу од Милтон Кејнс и 14-годишно момче се изјаснија како невини пред судот во Портсмут во однос на расистичко и хомофобично навивање кон Сол Кемпбел на "Фратон Парк" на 28 септември.
По три часовно сосолушување и видео снимки од натпреварот судот утврди дека навивачите длабоко верувале во своите зборови и дека јазикот ги надминува сите дозволени норми на навивање.
Снимката покажува и други навивања од околу 2500 фанови.
Троу беше казнет и со парична казна во износ од 500 фунти, а момчето со 400 фунти.
По натпреварот, полицијата на Хемпшир пушти слики од 16 луѓе вклучени во расистичките навивања. Вкупно 11 се уапсени и четворица се изјаснија виновни во јануари и беа осудени на забрана од натпревари за три години и парична казна.
На тројца возрасни мажи и две 15-годишни момчиња полицијата им одреди санкции, но Троу и 14-годишното момче добија забрани од три години.
Кемпбел ги налути навивачите на Тотенхем откако замина во Арсенал пред седум години.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...