Wednesday, 06 May 2009 00:33 Фудбал
Манчестер Јунајтед е првиот патник за Рим...

 

Манчестер Јунајтед е првиот патник за Рим, Црвените Ѓаволи уште еднаш го победија Арсенал и заслужено се пласираа во финалето од Лигата на Шампионите.
   
Манчестер Јунајтед уште еднаш ја покажа својата големина, тимот на Сер Алекс Фергусон го надигра Арсенал и на Емирати победи со 3-1, и со вкупни 4-1 се пласира во финалето од Лигата на Шампионите.
Арсенал не успеа да ја анулира предноста на Јунајтед, по само единаесет минути игра завршија сите надежи за Топџиите.
Првиот шок на Емирати се случи во 8та минута, Андерсон асистираше, Гибс направи катастрофална грешка која ја искористи Парк, погоди за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.
Само три минути подоцна Јунајтед го реши натпреварот, Роналдо упати бомба од слободен удар, Алмунија лошо интервенираше, Ѓаволите поведоа со 2-0.
Фудбалерите на Арсенал не успеаа да се совземат од раното водство на Јунајтед, не успеаа да создадат посериозна шанса за гол.
Манчестер Јунајтед доминираше и го диктираше темпото обидувајќи се да ја искористат лошата игра на Арсенал и да го понижат противникот.
Во второто полувреме домаќините влегоа офанзивно, но Јунајтед делуваше поопасно од брзите контра напади.
Токму еден таков напад во 61та минута му донесе водство на Јунајтед и од 3-0.
Роналдо со пета додаде до Парк кој го проигра Руни, овој асистираше до Роналдо кој погоди за убдливи 3-0.
На 15 минути до крајот, Флечер го фаулираше Фабрегас во шеснаесетникот, Росети покажува на белата точка и му доделува директен црвен картон на фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Прецизен реализатор на ударот од белата точка за Арсенал беше Робин ван Перси, Топџиите немалија на 3-1, но тоа беше се што направи тимот на Венгер.
Манчестер Јунајтед залужено патува во Рим каде што ќе го брани трофејот во Лигата на Шампионите.
Арсенал и оваа сезона останува без освоена титулата, пета година по ред Топџиите се немаат радувано на трофеј.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...