Wednesday, 29 April 2009 16:35 Фудбал
Клаус Алофс: Јуве се интересира за Диего ...

 

Генералниот менаџер на Вердер Бремен, Клаус Алофс потврди дека екипата на Јувентус стапила во контакт со нив и се распрашувала за Бразилецот, Диего
Плејмејкерот на Вердер, Диего подолго време е мета на Старата Дама и во последните неколку месеци цврсто се поврзува со преселба во Торино.
Генералниот менаџер на Вердер Бремен, Клаус Алофс потврди дека Бјанконерите се распрашувале за играчот од средниот ред.
Сепак тој негираше дека се во преговори со Јуве и нагласи дека тие сакаат да го задржат Диего и по истекот на неговиот договор во 2011.
“Да, имаше разговори.” – одговори Алофс на прашањето дали Јуве стапил во контакт со Вердер за услугите на Диего.
“Доколку одреден клуб има интерес, сосема нормално е да се се јават и да прашаат за играчот.”
Според Kreiszeitung Syke, весникот за кого Алофс даде интервју, Јуве доставил понуда до Вердер Бремен вредна 20 милиони евра.
Сепак Вердер веднаш ја одбиле бидејќи за услугите на Диего побаруваат најмалку 26 милиони евра.
Алофс не сакаше да потврди или да негира дали добиле конкретна понуда но рече дека во моментов не се во преговори со Јуве и имаат желба да го задржат Бразилецот и по истекот на договорот во 2011.
“Нема преговори со Јуве во моментов. Дали тој ќе остане тука? Ние сакаме Диего да биде дел од тимот се до истекот на договорот во 2011, дури и подолго ако е можно.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...