Monday, 27 April 2009 15:12 Фудбал
Keита: Да го победиме Челзи без примен гол...

 

Фудбалерот од средниот ред на Барса, Кеита верува дека најважно за дуелот против Челзи е да се победи а да не се прими гол на Ноу Камп.
Во последните 11 натпревари Барселона не прими гол на осум, Кеита смета дека така треба да биде и на првиот полуфинален натпревар против Челзи.
"Најважно е да победиме без примен гол" - изјави Кеита.
Кеита има пофални зборови за Пеп Гвардиола за кој вели дека одлично го подготвува тимот пред натпреварите.
"Тренерот врши одлична работа во подготовките за натпреварите. Гледавме многу од нивните натпревари и ги анализиравме нивните слаби точки и опасностите од каде можат да дојдат за нас".
"Тие се противник кој добро го познаваме, одличен тим се. Можевме да видиме како играат и во Премиер лигата и во Лигата на Шампионите".
"Тежок противник се, со физички многу силни фудбалери, и тим кој во секој момент може да ви создаде проблеми".
Викендов Реал Мадрид ја намали предноста на Барселона на -4 бода, Валенсија ја прекина победничката серија на Каталонците.
"Тимот е многу смирен бидејќи работиме добро. Размислуваме само на себе. Не е неопходно да гледаме што прави Реал Мадрид".
"Доколку ние добро си ја завршиме работата, тогаш на крајот нема да им допуштиме изненадување".
Следниот викенд се игра големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
"Доколку победиме на Бернабе, лигата ќе биде одлучена".
"Ние имаме надеж и желба да победиме таму. Работевме напорно за да дојдеме до таму до каде што сме, знаеме дека имаме клучна недела во Лигата на Шампионите и Примера" - заврши Кеита.

 Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...