Порто со храбар и офанзивен фудбал успеа да одигра 2-2...
Шампионот на Португалија, Порто со храбар и офанзивен фудбал успеа да одигра 2-2 на гостувањето на Олд Трафорд и да обезбеди одличен резултат за реваншот по една недела
Екипата на Порто почна офанзивно од самиот старт на натпреварот, гостите од Португалија се заканија уште во третата минута.
Хулк упати силен удар од над 25 метри кој Ван Дер Сар го исфрли во корнер. Веќе во следната минута, Родригез го отвори резултатот.
Лучо нафрли една топка од десната страна која не преставуваше поголема опасност за одбраната на Јунајтед но Џони Евнанс ја расчисти само до Криситијан Родригес кој одлично ја пласираше топката во долниот десен агол на Ван дер Сар и се погрижи за изненадувачко водство за својот тим.
Гостите и по водство продолжија со офанзивната игра и Лисандро во 7та минута се закани повторно но неговиот удар заврши директно во голманот на Јунајтед.
Првата закана домакините ја имаа во 14та минута. О’Шеј упати добар центашут во срцето на шеснаесетникот, Роналдо беше највисок во скокот но Хилтон успеа да ја исфрли топката во корнер.
Неколку моменти подоцна Црвените Ѓаволи го изедначиа резултатот благодарејќи на грешката на Бруно Алвес.
Дефанзивецот во обид да ја врати топката до својот голман не забележе дека зад него е Вејн Руни и му овозможи на напаѓачот на Јунајтед да ја затресе празната мрежа на Порто.
Грешката на Алвес не ги поколеба гостите и тие продолжија со својот офанзивен фудбал.
Во 18та минута Лучо Гонзалез упати еден центрашут од десата страна но Родригес биеше само во голманот Ван дер Сар.
Екипата на Манчестер Јунајтед го имаше поседот на топката но не успеваше поопасно да се закани кон голот на Порто, а гостите ја кориесте брзината на своите офанзивни играчи и често преку полуконтри и контри се закануваа.
По половина час игра О’Шеј направи грешка при еден обид да ја врати топката и му овозможи шанса на Хулк, кој се обиде да ја пласира топката но неговиот удар заврши крај голот на Ван дер Сар.
На спротивната страна Роналдо му обезбеди на Флечер добра прилика за погодок но ударот на Шкотот заврши само во еден од дефанзивците на Порто.
Актуелниот Европски шампион поодлчно тргна по стартот на вториот дел. Првата закана кон голманот Хелтон ја упати Парк со удар од 25 метри.
Во 58та минута Руни за малку повторно ќе се запишеше во листата на стрелци. Напаѓачот на Англиската репрезентација се обиде да го лобува Хелтон, но голманот на Порто беше присебен и ја исфрли топката во корнер.
Корнерот го изведе Гигс а специјалистот за вакви ситуации Видиќ за малку ќе ја затресеше мрежата на Порто, но голманот на гостите со одлична парада го одбрани ударот на Србинот.
Десет минути подоцна се закани и најдобриот напаѓач на Порто, Лисандро. Неговиот удар по земја, Ван дер Сар го исфрли во корнер. Во продолжение на нападот со удар од далечина се закани и Сисоко но голманот на Јунајтед повторно беше на висината на задачата.
Во 85та минута, Манчестер конечно дојде во водство. Руни со пета го проигра Тевез кој од само неколку метри ја затресе мрежата на гостите.
По две минути домакините имаа нова прилика за погодок но ударот на Карик од далечина Хелтон успеа да го одбрани.
Кога сите очекуваат Јунајтед да патува со предност на гостувањето во Португалија следната недела, Порто повторно го замолкна Олд Трафорд исто како во 2005 кога предводник на тимот беше Мурињо.
Лисандро упати одличен центра-шут од десната страна, на втората статива осамен беше Марино Гонзалес кој ја протна топката покрај излезениот Ван дер Сар.
Последната шанса за победа ја пропушти Рајан Гигс откако Велшанецот од слободен удар биеше само над голот на Хелтон.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk