Англија Манчестер Јунајтед со голот на Парк славеше во големото дерби против Арсенал и се врати на врвот во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед го победи Арсенал во големото дерби кое се одигра на Олд Трафорд, Црвените Ѓаволи со голот на Парк славеа победа од 1-0.
Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа борбен натпревар со висок интензитет во текот на сите 90 минути.
Изненадување во составот на Арсенал беше голманот Војчех Шчежни кој настапи во првиот тим на местото од недоволно подготвениот Фабиански, 20-годишниот чувар на мрежата имаше сосема солидно премиерлигашко деби и покрај поразот.
Во Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов го преседе натпреварот на клупата, Ферги се одлучи улогата на најистурен напаѓач да му ја даде на Руни со поддршка од крилните позиции од Нани и Парк.
Првата посериозна шанса се случи во 22та минута кога една исфрлена топка од Скилачи дојде до Нани, Португалецот биеше за малку крај голот на Шчежни.
Во продолжението и двата тима се обидуваа да го загрозат голот на противникот но немаше чисти шанси за гол.
Клучниот момент се случи во 41та минута, Нани центрираше, топката дојде до главата на Парк кој биеше, го лобуваше Шчежни и заврши во мрежата на Арсенал за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0, голема радост на Олд Трафорд.
Арсенал започна офанзивно во вториот дел обидувајќи се да дојде до рано израмнување на резултатот.
Во 56та минута Топџиите ја имаа веројатно својата најдобра шанса, Шамак се најде во одлична позиција, биеше но Немања Видиќ не дозволи топката да влезе во голот на Јунајтед.
Две минути подоцна Нани влезе во прекрасна можност, сам од странична позиција, го префрли голот на Арсенал.
Течеше 72та минута кога Нани изнуди пенал за Манчестер Јунајтед, Клиши играше со рака во сопствениот шеснаесетник, Хауард Веб покажа на белата точка.
Вејн Руни можеше да го реши натпреварот, да стави крај на неизвесноста, но не беше прецизен од белата точка, биеше високо над голот на Шчежни.
Пред крајот на натпреварот Руни имаше можност да се искупи за промашениот пенал, се обиде убаво со лоб да реализира, младиот голман на Арсенал убаво интервенираше.
Во 94та минута Арсенал ја имаше и последната можност, Тео Волкот се обиде од полушанса, неговиот шут заврши над голот.
Голема победа за Манчестер Јунајтед со која се вратија на чело на табелата во Премиер лигата, Арсенал и покрај поразот се наоѓа во одлична позиција и ја продолжува битката за титулата.
Следното големо дерби во Премиер лигата се игра во недела на Стемфорд Бриџ каде што Челзи го пречекува Манчестер Јунајтед.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk