ВИЦ

Во лудница, некој лудак си седел на страна и си пишувал нешто. Доаѓа докторот и го прашува:

- Што пишуваш?

- Љубовно писмо.

- На кого?

- На сам себе.

- И што пишува во него?

- Немам поим, се уште не сум го добил. 

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 09 August 2016 10:01 Фудбал

Англија | Заврши трансфер сагата на Пол Погба, францускиот фудбалер се врати во Манчестер јунајтед и потпиша пет годишен договор со „црвените ѓаволи“...



Погба за рекордна сума од 89 милиони фунти од Јувентус се пресели во Манчестер јунајтед од каде замина во 2012 за 1,5 фунти.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Пол Погба го комплетира неговиот трансфер од Јувентус. Тој потпиша пет годишен договор со можност за продолжување на уште една“ - стои во соопштението на клубот.

23-годишниот Погба е среќен што се враќа во Манчестер јунајтед.

„Среќен сум што се враќам во Јунајтед. Овој клуб секогаш имал посебно место во моето срце, сакам да работам со Жозе Мурињо. Уживав во времето поминато во Јувентус, имам фантастични спомени од таму и нови пријатели. Но почувствував дека е вистинско време да се вратам на Олд Трафорд. Не можам да дочекам да почнам да давам допринос во овој тим. Мислам дека ова е вистинското место за да освојам се што сакам во фудбалот“ - вели Погба.

Жозе Мурињо очекува Погба да биде клучна фигура во Манчестер јунајтед во наредните години.

„Пол е еден од најдобрите во светот и ќе биде клучна фигура во тимот на Јунајтед. Брз е, силен, постигнува голови и ја чита играта подобро од многу играчи кои се постари од него. Има 23 години и иднината е пред него, млад е и ќе продолжи да напредува, има шанси да биде во срцето на овој клуб во следната декада“ - вели Мурињо.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...