Friday, 15 July 2016 11:31 Фудбал

Италија | По најавите дека Јувентус е спремен да ја плати откупната клаузула на Гонзало Игуаин, фановите на социјалните мрежи прашуваат дали ова е знак дека Пол Погба ќе биде продаден...



Медиумите од Италија вчера најавија голема трансфер бомба, Јувентус веќе се договорил со Гонзало Игуаин и следната недела ќе започне преговорите со Наполи.

Веројатно „Наполитанците” нема да сакаат да го засилат својот лут ривал и директен конкурент за Скудетото, па Јувентус ќе мора да го принуди Наполи на продажба со активирање на откупната клаузла на напаѓачот вредна 94 милиони евра.

По ваквите стории, фановите на социјалните мрежи прашуваат дали ова е знак дека Пол Погба ќе биде продаден, и дали Јувентус веќе ги троши парите од најавуваниот рекорден трансфер на Французинот во Манчестер јунајтед вреден 120 милиони евра.

Медиумите од Италија велат дека во моментов Јувентус планира да го задржи Пол Погба и ангажманот на Гонзало Игуаин да биде финансиран со продажба на други играчи.

Јувентус веќе доби 30 милиони евра од Реал Мадрид за Мората, а Перејра е на чекор до преселба во Наполи за 18 милиони евра.

Исто така, „Бјанконерите” веројатно ќе добијат 25 милиони евра од Волфзбург за Ѕаѕа, а Лемина би можел да се пресели во Премиерлигата за 15 милиони евра.

Со овие продажби, „Старата Дама” се ближи до сумата од 94 милиони евра, а според некои медиуми, откупната клаузула на Гонзало Игуаин може да се плати на две рарати, односно 47 милиони евра ова лето и уште толку следното.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...