Friday, 09 January 2015 14:08 Фудбал

Англија | Френк Лампард се обиде да ја разјасни конфузијата околу трансферот во Њујорк Сити, фудбалерот вели дека по крајот на сезоната сигурно ќе се пресели МЛС лигата...



Минатото лето, откако му истече договорот со Челзи, Англичанецот реши да ја продолжи кариерата во Њујорк Сити и тогаш беше соопштено дека играчот ставил потпис на две годишен договор.
 
Со оглед на тоа дека Њујорк Сити ќе дебитира во шампионатот на МЛС дури во март 2015, на Френк Лампард му беше дозволено да замине на краткорочна позајмица во Манчестер Сити.
 
Но на стартот од новата година ’Граѓаните’ соопштија дека Френк Лампард ќе го продолжи престојот на Етихад Стадионот се до крајот на сезоната.
 
По ваквиот развој на настаните, многумина беа збунети околу ситуацијата на играчот и неговиот контроверзен статус, со оглед на тоа дека Манчестер Сити, заедно со Њујорк Јенкис, е сопственик на Њујорк Сити.
 
Премиерлигата го истражи целиот случај и вчера соопшти дека Манчестер Сити не прекршил ниту една правило бидејќи играчот е под договор само со актуелниот шампион на Англија.
 
На оваа тема сега се огласи и самиот фудбалер, кој истакна дека по крајот на сезоната сигурно ќе се пресели во Њујорк Сити.
 
„Сакам да ја разјаснам мојата ситуација бидејќи прочитав многу лаги и глупости изминатите неколку дена” – гласеше известувањето на Френк Лампард.
 
„Кога ми истече договорот со Челзи се обврзав да играм две години за Њујорк Сити започнувајќи од 1. јануари 2015”,
 
„Потоа ми се укажа прилика да тренирам и да бидам дел од составот на Манчестер Сити со цел да останам во топ форма”.
 
„Мојот престој во Манчестер Сити е продолжен, па ќе го облечам дресот на Њујорк Сити по крајот на сезоната во Премиерлигата”.
 
„Сите инволвирани страни постојано беа во контакт со цел да се пронајде решение кое ќе биде најдобро за сите”.
 
„Возбуден сум од идеата да заиграм за Њујорк Сити и да го дадам максимумот за што поскоро да забележиме успех во МЛС”.
 
„Им благодарам на сите за поддршката и ви посакувам здрава и среќна 2015”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...