Friday, 02 January 2015 14:39 Фудбал

Англија | Стивен Џерард потврди дека заминува од Енфилд по крајот на сезоната, Анличанецот сака ново искуство во кариерата и животот...



Медиумите од ’Островото’ утрово пренесоа дека капитенот на ’Црвените’ нема да стави потпис на нов договор и летоска ќе го напушти Енфилд.
 
Ливерпул и Стивен Џерард сега ги потврдија ваквите информации, репрезентативецот на ’Гордиот Албион’ сака ново искуство во кариерата и животот, па затоа ќе го напушти клубот.
 
Англичанецот сеуште нема донесено одлука за тоа која ќе биде неговата следна дестинација, тој знае само дека ќе потпише за клуб надвор од Велика Британија кој нема да го донесе во директна конкуренција со Ливерпул.
 
За својата одлука, Стивен Џерард рече: „Ова е мојата најтешка одлука, која придонесе јас и моето семејство подолго време да бидеме во агонија”.
 
„Решив сега ја соопштив мојата одлука со цел менаџерот и тимот да не бидат деконцентрирани од големиот број на шпекулации за мојата иднина”.
 
„Ливерпул е огромен дел од мојот живот па ќе ми биде тешко да кажам збогум, но мислам дека ова е од најдобар интерес за сите страни”.
 
„Ќе продолжам да играм фудбал, но во овој момент не можам да кажам каде. Знам само дека тоа ќе биде клуб кој нема да ме донесе во директна конкуренција со Ливерпул, нема шанси да играм против ’Црвените’”.
 
„Мојата одлука е заснована на желбата да искусам нешто поинакво во мојата кариера и мојот живот. Сакам да бидам сигурен дека нема да жалам за ништо кога еден ден ќе ставам крај на кариерата”.
 
„Не можам доволно да им се заблагодарам на менаџерот, сопствениците и сите луѓе инволвирани во клубот за тоа како се однесуваа во оваа ситуација. Исто така, сакам да им се заблагодарам на соиграчите и персоналот за нивната помош и постојаната поддршка”.
 
„Се надевам и посакувам еден ден да се вратам, и да му служам на Ливерпул”.
 
„Мојата последна порака е до луѓето кои го прават Ливерпул најдобар во светот - навивачите”.
 
„Ми беше привилегија да ве претставувам, како играч и како капитен. Се надевам дека ќе имаме добар финиш на сезоната”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...