Thursday, 10 September 2009 13:48 Фудбал
Менаџерот на Манчестер Сити, Марк Хјуз ги предупреди ривалите од Премиер Лигата дека тие се подготвени за влез во топ четворката...

Големиот трошачија Сити, кој ова лето одвои над 110 милиони фунти за нови засилувања во сабота ќе го има првиот голем тест во новата сезона откако во Истлендс пристигнува Арсенал.

Хјуз, кој го предводеше клубот до три победи во воведните три кола ова сезона, е задоволен од стартот и верува дека сегашната голема четворка (Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал) ќе стравуваат за своите места во Лигата на Шампионите.

“Мислам дека во краток период на време завршивме добра работа во промена на перцепциите на луѓето.” – рече Хјуз.

“Некој не гледаат како голема закана за така наречената голема четворка и ние сме комфорни со тоа.”

“Овие клубови имаат одиграно голем број на натпревари на највиско ниво изминативе години. Нивните очекувања и способноста да се справат со овие очекувања и нешто што го користат многу подолг период од нас.”

“Но тоа не значи дека ние не можеме да бидеме пред некои од овие клубови, бидејќи веќе покажавме дека можеме.”

“Само Јунајтед и Челзи го победија Арсенал во лигата откако ние го сторивме тоа минатата сезона, тоа ја покажува конзистентноста што ја има Арсенал – и тоа е она кон што ние целиме.”

Тој додаде: “Имаме голема почитт кон она што Арсенал може да го продуцира кога игра на најдобро ниво но тие знаат дека ние сме голем тест на домашен терен.”

“Бевме извонредни на дуелот против нив и победата од минатата година. Немаме страв од дуел со Арсенал бидејќи знаеме дека можеме да се надигруваме со нив.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...