Thursday, 10 September 2009 00:59 Фудбал
Пораз на Македонија од Норвешка, на крајот завршивме на судбоносното четврто место...

Македонија е поразена на гостувањето кај Норвешка со 2-1, нашата репрезентација и во овие квалификации заврши на четвртата позиција на табелата.

Второто место и бараж натпреварот останаа само сон за нашата фудбалска репрезентација.

Македонија е поразена во Осло од селекцијата на Норвешка со 2-1, со што ги завршуваме и овие квалификации на традиционалното за нас четврто место.

Јонуз направи неколку принудни замени за овој натпревар, Новески и Николовски не беа во составот поради повреди, Деспотовски отсуствуваше поради жолти картони, Пачовски, Грнчаров и Тасевски настапија на нивно место.

Норвежаните дојдоа во водство уште во втората минута од натпреварот Хелштад искористи еден кикс на Пачовски и Грнчаров и ја затресе мрежата за водство на домаќинот од 1-0.

Во 25та минута Џон Арне Рисе погоди од слободен удар за водство на Норвешка и од 2-0.

Нашата репрезентација одигра слабо полувреме, успеавме само еднаш да се заканиме со убав шут на Тасевски од слободен удар кој голманот на Норвешка го одбрани.

Во вториот дел нешто подобра игра на Македонија, почесто игравме пред голот на домаќините.

Во 79та минута по центаршут на Ибраими, Грнчаров постигнува гол и го намалува резултатот на 2-1.

Ова беше прв гол на гостувањата за Македонија по пауза речиси од три години.

До крајот имавме уште една убава прилика преку Филип Ивановски кој биеше млако за лесна одбрана на голманот на Норвешка.

Пред самиот крај Норвешка имаше уште една убава шанса, но топката се одби најпрво од пречката, потоа од стативата и заврши во рацете на Пачовски.

Конечни 2-1 за Норвешка која со овие три бода завршува на второто место и ќе ги чека резултатите од другите натпревари за евентуален бараж.

Во вториот натпревар од нашата група Холандија минимално со 1-0 ја победи селекцијата на Шкотска во Глазгов.

Шкотска со нерешен резултат ќе останеше на второто место, но Холандија со голот на Елиа во 82та минута дојде до перфектен учинок од овие квалификации.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...