Wednesday, 26 August 2009 17:55 Фудбал
Големи инциденти на натпреварот Вест Хем - Милвол...

 

Џанфранко Ѕола е шокиран од немилите сцени кои се случуваа за време на натпреварот од Карлинг Купот помеѓу Вест Хем и Милвол.

Синоќешниот натпревар помеѓу Вест Хем и Милвол помина во сенка на немилите сцени кои ги приредија фановите на двата клуба.

Огромно е ривалството помеѓу фановите на овие два лондонски клуба, синоќешниот дуел донесе многу сцени кои не се типични за англискиот фудбал во денешно време.

Инциденти се случија пред натпреварот, за време на натпреварот и по неговото завршување.

Еден навивач е прободен во градите блиску до стадионот, а полицијата уапси дел од фановите.

Натпреварот неколку пати беше прекинуван од влегување на фановите на теренот, а Џанфранко Ѕола е шокиран од она што го виде.

"Сум бил инволвиран во тешки натпревари и работи кои се случувале. Тука играв седум години и никогаш не сум видел вакво нешто" - вели Џанфранко Ѕола.

"Ова не е добро за фудбалот. Јас бев комплетно шокиран. Тотално".

"Знаев дека ова е натпревар кој значи многу за навивачите на двата клуба, но не го замислував вака".

"Што можам да кажам? Јас сум спортски човек. Ја сакам играта. Сакам да сум на теренот и да се обидам играта да ја направам возбудлива за фановите кои би уживале кога не гледаат - заврши Ѕола.

И тренерот на Милвол, Кени Џекет ги осуди испадите, но вели дека немало навивачи на неговиот клуб на теренот.

"Јас не стравував за мојата безбедност" - изјави Кени Џекет.

"Немаше фанови на Милвол на теренот. Тие останаа таму каде што треба да бидат".

"Имаше многу луѓе на теренот. Имало и бодежи со нож надвор од теренот. Многу сум тажен кога го слушам тоа".

Вест Хем излезе со соопштение дека ќе ги казни одговорните за немилите настани.

"Вест Хем потполно ќе ги истражи страшните сцени кои се случуваа за време на Карлинг Куп натпреварот против Милвал во вторникот навечер".

"Клубот нема да го толерира неприфатливото однесување на фановите на теренот, и ќе превземе најстроги санкции против сите одговорни, вклучувајќи и доживотни забрани".

"Што се однесува на случувањата пред и после натпреварот, ние потполно ќе соработуваме со релевантните агенции, вклучувајќи ја и полицијата" - стои во соопштението на Вест Хем.

Натпреварот го доби Вест Хем со 3-1 по продолжението.

Милвол поведе во 26та минута со голот на Харис, Вест Хем успеа да израмни во 87та по што се замина во продолженија.

Во нив домаќините постигнаа уште два гола, Станислас во 98та и Хинес две минути подоцна ја донесоа победата.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...