Friday, 21 August 2009 14:01 Фудбал
Барселона уште еднаш ќе се обиде да го ангажира Чигрински...

Шпанаските медиуми пренесуваат дека екипата на Барселона ќе направи уште еден последен обид да го ангажира дефанзивецот на Шахтјор, Дмитро Чигрински

Каталонците се интересираат за младиот дефанзивец цело лето но до сега не успеаа да се договорат со Шахтјор за висината на оштетата.

По неодамнешниот состанок на Хуан Лапорта, Чики Бегиристан и Пеп Гвардиола било одлучено дека дефанзивецот останува еден од приоритетите па затоа Sport и El Mundo Deportivo најавуваат нов обид на Барселона да стигне до услугите на Чигрински.

Весниците велат дека првичната понуда на Барселона изнесувала 25 милиони евра (17 во кеш и додатни 8 во зависност од настапите на играчот).

Втората понуда на Барселона исто така изнесувала 25 милиони евра (22 милиони евра и додатни 3 во зависност од настапите) но Шахтјор го одби и тој предлог стоејќи на ставот дека играчот вреди околу 30 милиони евра.

Двата клуба на 28 август ќе се сретнат во Европскиот Суперкуп по што се очекува да се одржат нови формални преговори помеѓу Хуан Лапорта и неговиот колега од таборот на Шахтјор, Ринат Ахметов иако не се исклучува можноста преговорите да започнат многу порано.

Играчот има голема желба да се пресели на Камп Ноу – весниците неодамна го цитираа како вели ’Дали има некој играч на светов што не сака да игра за Барса? – па затоа Каталонците се надеваат дека ќе можат да го убедат Шахтјор да ги намали барањата и да се сложи на продажба.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...