Thursday, 06 August 2009 15:22 Фудбал
Екипата на Милан потврди дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансфер на Клас Јан Хунтелар...

 

Управата на Милан уште вчера потврди дека тие наскоро ќе ангажираат еден топ напаѓач а медиумите од Италија најавија дека тоа ќе биде Клас Јан Хунтелар од Реал Мадрид за кого Росоњерите ќе платат околу 15 милиони евра.

Потпретседателот на Милан, Адриано Галиани утрово потврди дека тие и Реал Мадрид постигнале договор за висината на оштетата и дека Холанѓанецот во текот на денот ќе пристигне во Милано.

Сега Росоњерите на својата офцијалнат веб страна го потврдија ангажманот на Хунтелар кој утре ќе стави потпис на четиригодишен договор.

“Екипата на Милан соопштува дека е постигнат договор со Реал Мадрид за ангажман на напаѓачот, Клас Јан Хунтелар.”

“Холандскиот интернационалец утре ќе пристигне за да ги комплетира медицинските прегледи и да стави потпис на договор кој ќе го обврзе кон клубот до 30 јуни 2013.”

Напаѓачот својата кариера ја започна во ПСВ, но најсветлите моменти ги имаше во Херенвен и потоа во Ајакс од каде што во јануари се пресели во Реал Мадрид.

Иако имаше добри шест месеци на Сантијаго Бернабе, по доаѓањето на Флорентино Перез на претседателското место и мега трансферите на Кака, Роналдо и Бензема, стана јасно дека услугите на Хунтелар повеќе не се потребни.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...