Wednesday, 05 August 2009 13:19 Фудбал
Стратегот на Интер, Жозе Мурињо вели дека е задоволен од начинот на кој новите играчи се вклопиле во тимот и...

...уште еднаш нагласи дека посакува уште еден играч од средниот ред

Португалецот говореше на прес-конференцијата одржана по првиот тренинг на Интер во Олимпискиот Спортски Центар во Пекинг.

“Не знам кој ќе биде во подобра форма за победа на Супер Купот.” – рече Мурињо. “Не знам дали ќе бидеме ние или Лацио, кој пристигна тука пред два дена.”

“Ние ја организиравме оваа програма за најдобро да се прилагодиме на временската зона. Уште на првиот тренинг видов добар одговор и мислам дека ќе бидеме во подобра состојба утре.”

Мурињо е задоволен од прогресот на тимот и нема многу сомнеж во доприносот на новите играчи: “Не сум само јас среќен со составот и напорот кој го направи клубот.”

“Исто така и целиот тим е задоволен. Сеуште ни е потребен еден играч од средниот ред, но работиме на тоа. Нема да биде лесно, но повторувам работиме на тоа.”

Новинарите од Кина го запрашаа Мурињо за состојбата на Самуел Ето: “Очигледно е дека тој не е во топ кондиција бидејќи не беше со нас од почетокот на подготовките, но јас му верувам и целиот тим му верува, па ќе работи напорно оваа недела за да биде на располагање.”

“Покрај него ние ангажиравме уште тројца фудбалери, Милито, Тиаго Мота и Лусио, кои треба да ја пронајдат својата најдобра форма но добро се интегрираа во групата и сигурно ќе имаат голем придонес.”

“Единствена цел што ја имам до сабота е да триумфирам во Супер Купот.”

“Лигата на Шампионите? Разилката помеѓу освојување и не освојување е во детали. Понекогаш тие се на ваша страна понекогаш не.”

“Психолошки, мислам дека искуството од минатата сезона му даде на Интер желба за успех. Ќе имаме дерби натпревар уште во раната фаза поради позицијата во која се наоѓаме уште при извлекувањето.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...