Friday, 24 July 2009 18:54 Фудбал
Лотито: Со Де Лаурентис не сум разговарал за Пандев...

 

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито вели дека не разговарал со својот колега од таборот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за услугите на Горан Пандев

Лотито иако утрово негираше дека има добиено официјална понуда од Наполи или некој друг клуб за услугите на Горан Пандев, шпекулациите околку иднината на интернациналецот од Македонија не престануваат.

Медиумите од Италија попладнево објавија дека Наполи повторно е во контакт со Лацио за услугите на Горан Пандев бидејќи иднината на Езикел Лавеци е неизвесна и Македонецот би требало да се пресели на Сан Паоло како замена за Аргентинецот.

Претседателот на Бјанкочелестите потврди дека често се слуша со својот колега од Наполи, Де Лаурентис но не разговарале за Пандев.

“Со Де Лаурентис се слушам често, имам многу добри односи помеѓу нас двајцата.” – рече Лотито.

“Последниот пат кога се сретнавме не разговаравме за трансфер пазарот, разговаравме за проблемите во фудбалот.”

“Со Де Лаурентис никогаш не сум разговарал за Горан Пандев.”

“Лацио има договор со играчот и неговите агенти дека тој ќе може да замине само под одредени услови.”

“Сега чекаме конкретен и официјален предлог, не шпекулации на медиумите.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...