Wednesday, 15 July 2009 16:41 Фудбал
Капитенот на Реал Мадрид, Раул го споредува доаѓањето на Кристијано Роналдо со доаѓањето на Дејвид Бекам.

 

Раул е среќен со ангажманот на Кристијано Роналдо, смета дека тој многу ќе може да му даде на Реал Мадрид.

Капитенот вели дека имал одлична соработка со Бекам и се надева дека така ќе биде и со Роналдо.

"Бев возбуден кога Бекам започна да игра со нас исто како што сум сега возбуден кога Роналдо дојде тука" - изјави Раул.

"Бев многу среќен кога работев со Бекам и мислам дека Кристијано ќе донесе многу радости за навивачите. Тој ќе донесе многу добри работи и ќе даде голем придонес во тимот".

Роналдо за рекордна сума пристигна во Реал Мадрид, а Раул смета дека таа е цената на Португалецот.

"Што се однесува до цената платена за Кристијано, тоа е неговата цена на пазарот".

"Нема многу Кристијано Роналдовци во светот и Реал Мадрид се потроши финансиски, но Реал Мадрид сака да биде најдобар во светот".

"Кристијано се однесува како и останатите во тимот, тој е многу сакан фудбалер, еден од најдобрите во светот".

"Жените и децата му бараат автограми а тој секогаш се однесува убаво со нив. Важно е што тој игра добар фудбал и е многу посветен, тоа што го прави во својот приватен живот е негова лична работа".

Раул беше запрашан што мисли за евентуалното доаѓање на Чаби Алонсо.

"Мислам дека тоа прашање е за техничкиот тим и тренерот. Тие треба да одлучат што е најдобро за Реал Мадрид".

"Јас лично би сакал да играм со Алонсо. Мислам дека тој е одличен играч" - заврши Раул.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...