Monday, 29 June 2009 01:43 Фудбал
Вејн Руни: Јас можам да бидам новиот Кристијано Роналдо на Јунајтед...

 

Вејн Руни верува дека може да ја пополни празнината во тимот која настана со заминувањето на Кристијано Роналдо

Во интервју за The Times Вејн Руни признава дека е потребно Јунајтед да ангажира нови фудбалери по заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, и Карлос Тевез, кој се очекува да стави потпис на договорот со Манчестер Сити кога ќе му заврши позајмицата на Олд Трафорд во вторник.

Луис Антонио Валенсија, десното крило на Виган и Карим Бензема, високо ценетиот напаѓач на Лион се верува дека се примарни цели на Сер Алекс Фергусон.

Но без разлика на имињата кој Јунајтед ќе ги ангажира ова лето, Вејн Руни вели дека може да ја пополни празнината која настана доколку добива повеќе шанса како централен напаѓач.

“Загубивме два клучни играчи и очигледно е дека се надевам на доаѓање на неколку фудбалери.” – рече Руни.

“Кристијано Роналдо и Карлос Тевез постигнаа многу погодоци за нас изминатава сезона и таа претхдоно, но би сакал да мислам дека јас сум способен за пополнување на празнината.”

“Кажав и претходно, доколку можам да играм на мојата права позиција, способен сум за тоа.”

Фергусон често го упетребуваше Руни на крилната позиција особено во завршните натпревари од сезоната како и во финалето од Лигата на Шампионите.

“Сакам да играм на позицијата на која се чуствувам најдобро. Многу луѓе мислат дека јас сум најдобар кога играм како централен напаѓач.”

“Играњето за Манчестер Јунајтед е привилегија но мислам дека со играњето на крилната позиција не можам да ги покажам моите прави квалитети на начинот на кој посакувам.”

Во дресот на Англија, каде што Руни игра на позицијата централен напаѓач, тој постигна 10 погодоци на последните седум натпревари.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...