Saturday, 27 June 2009 03:30 Фудбал
Официјално: Туре го продолжи договорот со Барселона до 2012...

 

Играчот од средниот ред на Барселона, Јаја Туре потпиша едногодишно продолжување на договорот со Барселона

“Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска го продолжи договорот со Барселона за уште една година и сега тој ќе биде обврзан кон клубот до 30 јуни 2012 година.”

“Откупната клаузула на Јаја Туре сега е поставена на 100 милиони евра.” – гласеше соопштението на официјалната страна на Барселона.

Играчот од средниот ред вечерва ставил потпис на новиот договор со Барселона.

26 годишниот интернационалец од БСК претходно имаше договор до 2011 но подолго време преговараше за нов договор со подобрени еконмски услови и поголема откупна клаузула која од 60 милиони евра сега се искачи на границата од 100 милиони.

“Горд сум што играм во Барселона.” – рече Туре по напуштањето на преговорите и постигнувањето на согласност за новиот договор.

“Двете страни направија големи жртвувања. Моето семејство е среќно тука а и претседателот ми кажа дека посакува јас да останам.”

“Најважно е да се игра во голем клуб како што е Барселона и ова е местото каде што сакам да бидам.”

“Ова е дресот што сакам да го носам.”

Туре исто така додаде дека “мојата желба е да ја завршам кариерата во Барса, но морам да продолжувам да покажувам дека заслужувам да го носам дресот на клубот.”

Претседателот Хуан Лапорта рече: “Ова е голем ден за Барселона бидејќи го обновивме договорот на Туре до 2012, играч кој е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во светот.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...