Thursday, 18 June 2009 16:04 Фудбал
4 милиони евра го делат Пандев од преселба во Наполи ...

 

Италијанските медиуми пренесуваат дека 4 милиони евра го делат Горан Пандев од преселба во редовите на Наполи

Екипата на Наполи во последните неколку дена стана главен фаворит за потписот на македонскиот интернационалец, Горан Пандев.

Италијанските пред два дена објавија дека Наполи доставиле понуда до Лацио, но подоцна тоа беше негирано од претседателот на Бјанкочелестите, Клаудио Лотито.

Сепак тој порача дека е подготвен за преговори но ги советуваше своите колеги да не ги користат медиумите и да му се јават доколку посакуваат некој негов фудбалер.

Агентот на Горан Пандев, Карло Палавично вчера изјави дека тој сеуште не стапил во контакт со претставници на Наполи но не ја исклучи можноста за транасфер на Македонецот во Неапол.

Според последните информации на медиумите од Италија, Наполи не се откажува лесно од Горан Пандев и нови преговори помеѓу двата клуба ќе има многу наскоро.

Corriere del Mezzogirono објави дека 4 милиони евра го делат Горан Пандев од преселба во Наполи.

Претседателот Де Лаурентис е подготвен да одвои 10 милиони евра за напаѓачот чиј договор истекува за една годиниа но неговиот колега од главниот град побарува 14 милиони евра за услугите на Пандев.

Медиумите од Италија претходно цврсто го поврзуваа Македонецот со преселба во Јувентус но управата на Бјанкочелестите негираше дека се во преговори за трансфер на Пандев а Јуве во моментов е насочен кон друга цел, младиот напаѓач Џузепе Роси.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...