Monday, 15 June 2009 17:45 Фудбал
Преговорите за иднината на Тевез започнуваат утре...

 

Според медиумите од Англија, агентите на Карлос Тевез ќе одржат серија разговори по кој ќе се дознае иднината на Аргентинецот

Карлос Тевез е на позајмица во Манчестер Јунајтед до 30 јуни по што е слободен фудбалер и секој клуб што сака да го ангажира треба да постигне договор со компанијата која ги поседува економските права на играчот.

Манчестер Јунајтед одби да ја плати сумата договорена пред две години кога беше постигната согласност за двегодишна позајмица на Тевез но Дејвид Гил, извршниот директор најави дека Црвените Ѓаволи ќе се обидат да го задржат напаѓачот на Олд Трафорд.

Но Јунајтед нема да има воопшто лесна задача бидејќи уште неколку клубови од Премиер Лигата се заинтересирани за Тевез.

Според Sky Sports News, утре агентите на Аргентинецот ќе одржат серија на преговори со заинтересираните екипи.

Се верува дека на агендата е состанок со четири екипи од Премиер Лигата – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи.

Исто така има и по еден заинтересиран клуб од Италија и Шпанија, но клубот од Ла Лига не е Реал Мадрид.

Тевез најверојатно ќе ја соопшти својата желба дека преферира да остане во Англија, па клубовите од Премиер Лигата ќе се борат за потписот на Аргентинецот.

 

 
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...