Monday, 08 June 2009 17:23 Фудбал
Ливерпул мора да победува против аутсајдерите...

 

Играчот од срендиот ред на Ливерпул, Хавиер Маскерано вели дека тие мораат да победуваат против Аутсајдерите доколку сакаат следната сезона да бидат шампиони

Црвените изминатава сезона успеаа да слават против Манчестер Јунајтед и Челзи на домашен терен и на гости, но загубија драгоцени бодови на Енфилд со екипи од типот на Стоук, Фулам и Хал Сити.

На крајот Ливерпул заврши на второто место и за титулата се бореше до самиот крај на сезоната со Манчестер Јунајтед.

Аргентинскиот интернационалец, Хавиер Маскерано вели дека Ливерпул мора да го подобри скорот со аутсајдерите доколку сака следнаат сезона конечно да ја освои титулата по 20 години пауза.

“Оваа сезона беше многу добро искуство за нас.” – рече 24 годишнито Маскерано за Магазинот на Ливерпул. “Секако, ќе беше многу подобро доколку успеевме да ја освоиме титулата, но добро е да дознаеме што е потребно за да се биде шампион.”

“Имавме многу нерешени натпревари на домашен терен и тоа против клубови кои се надвор од топ 10 на табелата, и знаеме дека овој дел мора да го подобриме следната сезона.”

“Изминатава сезона помалку е чудна. Одигравме многу добро против екипи кои се на врвот но се мачевме со останатите.”

“Ќе освоиме титула кога ќе ги победиме сите, оние големите но и оние малите.”

“Сепак со победите на Стемфорд Бриџ, Олд Трафорд и Сантијаго Бернабе покажавме дека нашата иднина е позитивна.”

“Тимот покажа дека може да победи било каде, но потребно е да го имаме правилниот баланс следната сезона.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...