Tuesday, 02 June 2009 14:37 Фудбал
Анчелоти ќе прави револуција во Челзи...

 

Новиот менаџер на Челзи, Карло Анчелоти ги сака бразилецот Алесандре Пато и поранешниот дефанзивец на лондонскиот клуб, Глен Џонсон да му помогнат да ја оствари својата сина револуција, пишува англиски The Sun.

Вчера од "Стемфорд Бриџ" официјално потврдија дека 49-годишниот италијански стратег го наследува Гус Хидинк на кормилото на тимот.

Големата амбиција на Анчелоти е трофеј во Лигата на шампионите и тој верува дека двајцата играчи кои ги посакува во составот, ги поседуваат неопходните карактеристики за да го искачат клубот на европскиот трон.

Според Sun, тренерот му предложил на поранешниот клуб Милан 30 милиони фунти за 19-годишниот напаѓач Пато.

Анчелоти е спремен да потроши 12 милиони фунти за дефанзивецот на Портсмут Џонсон, кој иронично беше првото засилување на Челзи, кога русинот Роман Абрамович стана сопственик на клубот.

Алесандре Пато се смета како исклучителен талент, еден од најперспективните фудбалери на светската фудбалска сцена.

"Тој има само 19 години и може да стане еден од најголемите играчи"- кажа за него Дејвид Бекам. Додека Анчелоти додава:- "Тој е два пати побрз од нормален спортист".

Глен Џонсон, кој го облече дресот на Челзи по тренсфер од Вест Хем за 6 милиони фунти во 2004 година, ги привлече интересите и на Ливерпул и Манчестер Сити.

Дел од идниот состав на лондончани се очекува да биде и русинот Јури Жирков, за кого се тврди дури и дека потпишал со Сините. Според руските медиуми, зделката изнесува 21 милиони евра, а договорот на 25-годишниот фудбалер е за 4 години.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...